Во општина Гази Баба денес се спроведува акција за подигнување на хаварисани возила во населбата Железара, каде ќе бидат отстранети сите хаварисани возила кои се оставени на јавна површина.
Оваа акција општината ја спроведува во соработка со ЈП Градски Паркинг Скопје.
Апелираме до граѓаните кои се сопственици на хаварисани возила самостојно да ги отстранат возилата од јавните површини.
Следната акција ќе се спроведе во населбите Маџари и Хиподром.
{gallery}/images/foto/2022/05/30/gallery{/gallery}
30.05.2022