Денес во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со Амбасадорот на Италија Н.Е. Андреа Силвестри на која разговараа за унапредување на понатамошна соработка во областа на образованието како важен сегмент од општеството.
Исто така, пред Амбасадорот беше презентиран и индустрискиот потенцијал за привлекување на италијански инвестиции на нашата територија.
Општина Гази Баба е подготвена да воспостави соработка со општини и градови од Италија со цел продолжување на македонско-италијанско пријателство и разменување на искуства.
Италија како напредна земја членка на Европската унија може да помогне во справувањето со предизвиците со кои ние секојдневно се соочуваме.