Од Општина Гази Баба и Јавното Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“ упатуваме АПЕЛ до жителите на населеното место Јурумлери заради овозможување на нормално функционирање на фекалната канализација, која е единствена од ваков вид во Република Македонија, со вакуум пумпи и пречистителна станица, забрането е испуштање во истата на атмосферски води од олуци и сливници во дворови, фекалии и остатоци и отпадоци од земјоделско, живинарско или животинско потекло, ниту пак отрови, хербициди, отпадно машинско масло и други течности забранети со закон, како ни цврст отпад во било која форма и вид.
Доколку жителите се однесуваат несовесно со одлагањето на отпад во системот на фекална канализација ќе ја нарушат неговата функционалност и со тоа причинуваат дефекти на истиот.
Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ постојано имаа теренски активности за подобрување на состојбата од непрописното одложување на отпадот, но и проверки и чистење на канализационите мрежи, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина.
ПОСЕБНО ЦВРСТ ОТПАД (пластични, метални и други предмети) е СТРОГО ЗАБРАНЕТО И ШТЕТНО ДА СЕ ФРЛА ВО КАНАЛИЗАЦИОНИОТ СИСТЕМ
Злоупотребите на канализацискиот систем може да се пријавуваат на:
– https://jkpgb2007.gov.mk/
– 02/3224801 и 078 484 265
– gbjkp2007@t.mk