Започнуваме со реконструкција на одводниот канал за атмосферски води на ул. Антон Велковски во Стајковци, што подразбира да се направи регулација на атмосферските води, а внатрешноста на каналот ќе се изгради од армиран бетон.
Вредноста на проектот изнесува 10.100.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Oпштина Гази Баба.
Постапката за избор на економски оператор кој ќе ги изведува градежните работи е во завршна фаза и за кратко од денес ќе започнат градежните активности за реализација на проектот.
Oвој проект произлезе на барање од жителите на населеното место Стајковци.
Проектирањето на ефективен систем за одведување на насобраната вода е од клучно значење за избегнување поплави по интензивните дождови и токму во таа насока и делуваме.