Утрово градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за асфалтирање на крак од улица Финска во н.Ченто, каде се работеше по барање на жителите од оваа населба.
Стефковски сретна и граѓани од оваа улица, кои му раскажаа дека живеат во Ченто од 1970 година и дека по 53 години за прв пат општината реализира проект кај нив.
Се работи по план и програма, која ќе го промени животот на многу од граѓаните. Изминатиот период се реализираа голем број на проекти во нашата општина во насока на подобрување на условите за живеење на граѓаните.