Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Стајковци каде што се во тек градежните активности за асфалтирање на улица 5.
Денес на улица 5 е решен проблемот со водоводната мрежа и коловозот од улицата се асфалтира.
Граѓаните кои денес го пречекаа градоначалникот Стефковски му кажаа дека им ги исполнил очекувањата кои ги имале и дека е човек од збор!
Активностите за асфалтирање на локални улици низ Општина Гази Баба ќе продолжат и во следниот период. Оваа година ја реализираме најголемата градежна офанзива за асфалтирање на локални улици на нашата територија.
Инвестирањето на голем износ на средства од нашиот буџет за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта ќе продолжи и во следните години што ќе овозможи не само да се надомести за остатокот од последните години, туку и да се прошири и подобри патната инфраструктура на нашата територија.