На денешниот натпревар по атлетика во организација на Здружението за спорт и рекреација на инвалиди – Гази Баба, присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Оваа година за прв пат овозможивме финансиска поддршка за реализација на проекти на ова здружение, што е доказ за нашата одлична соработка.
Создаваме услови за еднакви можности за спорт и рекреација на сите категории на граѓани.