Градоначалникот
Бобан Стефковски имаше чест да присуствува на Беломорските видувања, манифестација на која се собираат насилно прогонетите македонци од Егејскиот дел на Македонија.
Овие средби го исполнуваат срцето со многу емоции и истите неможат да го остават рамнодушен никого.
Благодарност до македонското патриотското здружение “В’МБЕЛ ЕГЕЈ” за поканата.
Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија – своевремено запишал Гоце Делчев, а децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија се нераскинлив дел од нашата мила татковина!