Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и ректорот на универзитетот Скопје Аце Миленковски доделија бесплатни ранчиња и училишен прибор на дечиња од згрижувачки семејства кои посетуваат основно образование.
Општина Гази Баба континуирано ја дава својата поддршка и помош на згрижувачките семејства и наше е задоволството како општина што на нашата територија функционира Центарот за поддршка на згрижувачки семејства кој е во рамките на СОС Детското село во Ченто.
Им благодариме на заменик министерот Велковски и ректорот Миленковски за покажаната хуманост и општествена одговорност.
Продолжува нашата грижа за ранливите категории на граѓани.