Во изминатиот период поставивме технички средства за успорување на сообраќајот, смерни огледала, како и нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација низ повеќе населени места во нашата општина.
Работевме во Керамидница, Јурумлери, Идризово, Колонија, Маџари и други делови на Гази Баба, со една јасна цел – поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот!
Со новите мерки ја зголемуваме видливоста, ја намалуваме брзината на движење и создадеме побезбедни улици за нашите деца и сите граѓани.
Во следниот период продолжуваме и во останатите населени места, затоа што безбедноста нема цена!