Во неделата која измина беа превземени повеќе работни активности од страна на екипите на ЈКП Гази Баба 2007. Тие започнаа со обележување на пешачките премини во населба Автокоманда, а активностите за обновување на пешачките премини ќе продолжат на целата територија на општината, каде што е законски дозволено и утврдено да бидат обележани и видливи.
Изминатите денови, покрај останатите работни обврски на јавното комунално претпријатие, беше извршено и редовно чистење на шахтите во вакумската канализација во н.м Јурумлери со цел да има непречено одлевање на атмосферските води.
Исто така, одржувањето и уредувањето на зелените површини на територијата на Општина Гази Баба продолжува во континуитет и забрзано темпо на работа низ сите населени места во чии рамки се косат и средуваат и училишните дворовите и спортските игралишта.
Минатата недела ЈКП Гази Баба работеа во следните населени места: Железара, Автокоманда, Триангла, Амбуланта Маџари, Хиподром, Идризово, н. Гоце Делчев, Трубарево, Колонија.
Екипите тековно и редовно чистат смет од дивите депонии и вршат чистење на улиците на повеќе локации на територијата на општината.
Истовремено се направи санација во игралиштето на ООУ,, Стив Наумов“ а беа поставени и модерни и урбани реквизити во пазарчето во н. Триангла, во н.м. Страчинци и кај Финскиот Парк во н. Ченто.