Доцна вечерва градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на јавните служби кои имаат свое дежурство за новогодишната ноќ.
Тој ја посети станицата на Брза помош во Ченто, Противпожарната бригада на Град Скопје и Полициската станица од општа надлежност Гази Баба.
Додека сите прославуваат, тие несебично се грижат за нашата безбедност и за нашето здравје.
Стефковски им изрази благодарност на сите вработени во дежурните служби за нивната посветеност, пожртвуваност и професионалност.
Посакуваме да имаме мирна, безбедна и среќна новогодишна ноќ за сите.