Ги повикувамe сите дечиња, утре 06.01.2026 година (вторник) во 09:15 часот да дојдат во општина Гази Баба и да добијат божиќно пакетче.
Традиционално и оваа година, градоначалникот на општина Гази Баба се приклучува на организираните бадникови поворки по повод Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ.
За таа цел на ден 06.01.2026 година (вторник) во 09:15 часот во просториите на општината ќе ги пречекамe сите дечиња кои ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња и потоа сите заедно ќе продолжиме на бадниковите поворки.
Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз и тоа:
– 1 автобус ќе тргне од Нова Колонија во 08:45 часот;
– 1 автобус ќе тргне од Црешево во 08:45 часот.
-двата автобуси ќе застануваат на сите попатни автобуски постојки.
Автобусите најнапред ќе ги донесат патниците во општина Гази Баба, а потоа ќе продолжат кон Центар.
Ги повикувамe граѓаните со своите дечиња да се приклучат и сите заедно да му пееме на нашиот Бог.