Започна последната фаза за креирање на буџетот на Oпштина Гази Баба за 2025 година.
На оваа буџетска конференција заедно со членовите на Советот на Oпштина Гази Баба од сите политички партии и претставници на општинската администрација извршивме разгледување на сите идеи кои пристигнаа во претходните две фази.
Буџетската конференција претставува последна фаза од постапката за креирање на буџетот, а на истата е претходеше одржување на граѓански форуми, средба со Месните и Урбаните заедници и онлајн платформа за собирање на идеи.
Најголем дел од идеите на граѓаните им најдовме место во програмите кои се составен дел на буџетот.
За 2025 година, најавуваме реализација на многу нови проекти кои ќе го продолжат брзиот развој на Општина Гази Баба и ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани!