На овој голем ден се сеќаваме и оддаваме почит на духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем народен светител и просветител, кој го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја.
Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура.
Делата на Св. Климент нека бидат пример за нас но и за генерациите по нас за тоа како еден човек во себе може да носи духовна моќ, а притоа да остане посветен на учењето на народот за верата.
Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!