Градоначалникот Бобан Стефковски и општинската администрација на Општина Гази Баба им го честитаат 2-ри Август – Илинден на сите граѓани на Република Македонија.
На овој ден, се потсетуваме и го славиме почетокот на Илинденското востание кое го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година, но и на првото заседание на АСНОМ на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава.
За многу години Илинден!