Честитка по повод 9 Мај, Ден на победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија на овој ден во 1945 година заврши Втората светска војна, но и по повод одбележувањето на Ден на Европа, бидејќи на овој ден во 1950 година францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман ја објави декларацијата за воспоставување нов поредок без конфликти меѓу европските земји.
Оддаваме должна почит на нашите херои кои учествуваа во антифашистичката борба, благодарение на кои нашата земја даде голем придонес во победата над фашизмот.