Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше во Црешево за да направи увид на градежните работи за асфалтирање на улицата која води кон Црквата во ова населено место.
Жителите од Црешево долги години за да ја посетат Црквата газеа кал и одеа низ прашина. Од денес тоа е веќе минато!
Во соработка со Урбаните и Месните заедници ги утврдивме инфраструктурните приоритети и согласно тоа ги реализираме активностите на терен.
Во изминатите три години постигнавме многу, успешно реализиравме проекти и решивме бројни предизвици. Но пред нас стојат нови можности и уште повеќе работа!
Во периодот што следи ќе се реализираат повеќе од 70 нови проекти кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните.
-
-
default