Градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за изградба на третата фаза на фекалната канализација во населеното место Црешево.
Вредноста на реализацијата на овој проект изнесува 17.000.000 денари, средства определени од буџетот на Општина Гази Баба.
Со реализацијата на оваа фаза од проектот со која се гради нова мрежа на фекална канализација во должина од 3100 метри, секое домаќинство во Црешево добива фекална канализација.
За само две години од отпочнување на градежните работи Црешево ќе добие нова мрежа на фекална канализација.
Ветувањата на градоначалникот Бобан Стефковски стануваат реалност.