Утрово на покана на министерот Панче Тошковски градоначалникот присуствуваше на одбележувањето на 7 Мај, Денот на Македонската полиција!
Почитувани полициски службеници,
Овој ден е симбол на вашата посветеност, пожртвуваност и секојдневна работа во служба на граѓаните и безбедноста на нашата држава.
Вашата улога е од исклучително значење за зачувување на јавниот ред, мир и сигурноста на сите граѓани.
Нека ви е честит празникот! Ви посакуваме многу здравје, успех во работата и безбедни мисии. Продолжете да ја вршите вашата благородна должност со чест, одговорност и интегритет.
Нека е честит и вечен 7 Мај, Денот на Македонската полиција!