Измината недела во објектите на детската градинка “25 Мај” беше спроведен проектот “ЗДРАВИ НАВИКИ ЗДРАВИ ДЕЦА” во чии рамки се одржаа бројни работилници.
Целта на овие работилници беше, пред се создавање здрави навики на долгорочен план, превенирање на можната појава на заболување во подоцнежниот раст, помош за разбирање на концептот за здравје и болест и потикнување на самодовербата кај најмладите.
Спроведените работилници беа реализирани од страна на Здружението за промоција на здрави навики,
Progressus Skopje, со подготвена и прилагодена материја за работа со деца од пред школска возраст.
Нашата иднина се децата и затоа работиме кон тоа, тие да добијат основни познавања за правилен раст и развој но и справување со последиците доколку ги имаат во понатамошниот свој развиток.
Општина Гази Баба продолжува со активности за да создадеме и имаме здрава младина.