Делегација од Општина Гази Баба беше меѓу бројните делегации, кои по повод одбележување на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес, кој го погоди Скопје во 1963 година на денешен ден, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел.
Овој датум, 26 јули, сите нас не потсетува на катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој беа загубени голем број на животи, но исто така, не потсетува и на солидарноста која ја добивме од целиот свет во надминување на тешите последици предизвикани од земјотресот, со цел повторно нормализирање на функционирањето на градот.
Општина Гази Баба, во рамките на одбележувањето на годишнината од земјотресот, ја организира манифестацијата „Ден на Солидарноста“ која ќе се одржи вечерва во н. Ченто на улица Финска (во близина на црквата Архангел Гаврил), каде граѓаните ќе можат да ги проследат музичките изведби на Марјан Коцев, Даниела Темелковска и Душко Ѓорѓиевски.