Со трите еко часа вчера, во основните училишта „Кирил и Методиј“ во Страчинци, „Наум Охридски“ во Црешево, „Крсте Мисирков“ во Брњарци и „Вера Јоциќ“ во Хиподром, се реализираа сите предвидени зелени часови во Општина Гази Баба, во рамки на Европската недела на мобилност, а во организација на „Македонски зелен центар“.
Низ игра и забава меѓу децата на часовите се промовираше совесна и одговорна употреба на енергијата во секојдневниот живот, а се одвиваше и дискусија за придобивките од користењето на одржлив транспорт.
Часовите беа одржани од Здружението за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП – Скопје.