Денес во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски ги додели грантовите за финансиска поддршка на мали и микро фирми и старт ап фирми. Овие грантови општина Гази Баба ги доделува во рамки на своите две програми:
– Програма за финансиска поддршка на мали и микро фирми, занаетчии и семејно земјоделско стопанство во рамки на која се доделија 10 грантови;
– Програма за стар ап фирми во рамки на која се доделија 3 грантови.
Општина Гази Баба е една од ретките општини во Република Македонија која овозможува директна финансиска помош на малите и микро фирми од својата територија и со тоа дава поддршка на развојот на економијата во општината.
Програмите ќе продолжат да се реализираат и во следната буџетска година.
{gallery}foto/2022/12/grant_firmi/gallery{/gallery}
28.12.2022