Денес, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски имаше чест и задоволство да им ги додели признанијата на првенците на генерација од сите општински основни училишта на територијата на нашата општина.
Овие ученици се вистинска гордост за своите училишта, семејства и за целата наша општина.
Преку транспарентна и објективна постапка, спроведена во самите училишта, беа избрани следните ученици како првенци на генерација:
-Петар Андов – ООУ „Крсте Мисирков“
–Анисија Петрушевска – ООУ „Наум Наумовски Борче“
–Христијан Ангеловски – ООУ „Крум Тошев“
–Ива Петрушевска – ООУ „Вера Јоциќ“
–Лина Петрушевска – ООУ „Стив Наумов“
-Тара Спасиќ – ООУ „Дане Крапчев“
–Сандра Илиевска – ООУ „Његош“
–Јована Митковска – ООУ „Наум Охридски“
–Елена Таневска – ООУ „Григор Прличев“
–Михаела Сандева – ООУ „Кирил и Методиј“
–Ерди Хаскај – ООУ „25 Мај“
Во знак на признание за нивниот труд, посветеност и одлични резултати, општина Гази Баба на секој од првенците на генерација ќе додели парична награда во износ од 3.000 денари.
Искрено им честитаме на сите ученици за овој голем успех! Ви посакуваме многу среќа и успех во натамошното образование – нека ова биде само првиот чекор кон исполнување на вашите соништа и амбиции.
Упатуваме голема благодарност до родителите и наставниците, кои со својата поддршка, љубов и посветеност одиграа клучна улога во формирањето на овие млади и успешни личности. Вашата работа е непроценлива и претставува темел за квалитетно образование и здраво општество.
Општина Гази Баба и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието и младите – затоа што тие се нашата иднина.
Честитки на сите првенци на генерација!