По спроведен јавен повик и постапка од комисија за реализација на јавниот повик денес градоначалникот Бобан Стефковски им ги додели на граѓаните на општина Гази Баба решенијата за користење субвенции за купени инвертер клима уреди.
Во општина Гази Баба за 2022 година средствата предвидени за субвенционирање на граѓаните кои ќе купат инвертер клима уреди ги зголемивме од 1.500.000 денари на 3.000.000 денари.
Имајќи го предвид интересот од оваа година на граѓаните, ќе се потрудиме да обезбедиме услови за следната година да го зголемиме предвидениот Буџет и субвенции да добијат поголем број од граѓаните.
{gallery}foto/2022/05/12/klimaresenija/gallery{/gallery}
12.05.2022