Градоначалникот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за инсталирање на сончеви колектори и набавка на печки на пелети.
Мерката за субвенционирање на граѓаните за инсталирање на сончеви колектори оваа година се реализира за прв пат во Општина Гази Баба и за истата имаше голем интерес од граѓаните. Поради тоа можам најавуваме дека оваа мерка ќе продолжи и следната година.
Кога се работи одговорно, чесно и домаќински во буџетот на општината има средства и за инфраструктурни проекти и за субвенции на граѓаните.
Откако Бобан Стефковски градоначалник на Општина Гази Баба преку различни проекти за субвенционирање на граѓаните и други мерки од буџетот повеќе од 15.000.000 денари се вратени директно кон граѓаните.