Градоначалникот Бобан Стефковски денес ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди и за вградени уреди за течен нафтен гас во возилата.
Овие мерки Општина Гази Баба ги реализира во рамки на програмата за заштита на животната средина.
Како општина реализираме проекти преку кои ги враќаме парите назад кон граѓаните преку доделување на субвенции за набавка на велосипеди, електрични тротинети, печки на пелети, инвертер клима уреди, сончеви колектори, како и за вградување на уреди за течен нафтен гас на возилата и чистење на оџаците.
Заштитата на животната средина останува на врвот на нашите приоритети.
Средствата од буџетот се трошат наменски и исклучиво за реализација на проекти за граѓаните.