Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделивме решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди.
Покрај субвенциите за велосипеди за прв пат оваа година воведовме и субвенции за електрични тротинети, за чистење на оџаци и за вградување на уреди за течен нафтен гас на автомобилите. Покрај ова двојно ги зголемивме средствата за субвенции за инвертер клима уреди и печки на пелети.
Сите овие мерки се во насока на заштита на животната средина и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
{gallery}foto/2022/07/subvencii_tocak/gallery{/gallery}
27.07.2022