Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со министерот за култура Зоран Љутков направија увид во целосната реконструкција на Домот на културата 11 Октомври во Ченто, кој 50 години претставуваше најцрната дупка во општина Гази Баба!
Инвестиција: 86.000.000 денари
Средства обезбедени од Владата на Република Македонија
Површина: 1.000 м²
Изградба по европски стандарди
Енергетски ефикасен
Целосно инклузивен (со лифт и тоалети за лица со посебни потреби)
Објектот ќе биде организиран на 3 нивоа:
Подрум:
– Остава
– Шминкерница
– Гардероби
– Тоалети
Приземје:
– Билетарница
– Галерија
– Гледалиште + Сцена
– Канцеларии
– Тоалет за лица со посебни потреби
Кат:
– Библиотека
– Просторија за проекции
– Канцеларии
– Тоалет
Конечно, Ченто добива модерен културен центар – место за настани, уметност, образование и поврзување на заедницата!
Градиме за сегашноста, но мислиме на иднината.