Нема веќе тендер – градоначалник во општина Гази Баба беше пораката на градоначалникот Бобан Стефковски на денешната седница на Советот на општина Гази Баба на која беше усвоен ребалансот на Буџетот.
Со овој ребаланс се обезбедуваат:
– Нови 12.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на локални улици.
– 10.000.000 денари за изградба на фекална канализација во Трубарево и Чукур маало.
– 10.000.000 денари за изградба на трета фаза на фекалната канализација во Гоце Делчев
– 20.000.000 денари за изградба на втора фаза фекална канализација во Црешево
– 13.500.000 денари за изградба на фекална канализација во Смилковци
– 9.000.000 денари за изградба на училишната сала во Стајковци
– 10.000.000 денари за изградба на училишната сала во Булачани
– 13.000.000 денари за изградба на нова детска градинка во Керамидница
– 7.700.000 денари за изградба на нова детска градинка во Трубарево
– 4.000.000 денари за изградба и ревитализација на детски игралишта
– 5.000.000 денари за изградба на игралишта со тартан подлога
– 3.000.000 денари за изградба и реконструкција на игралишта со вештачка трева
– 1.000.000 денари за изградба на нова бушотина и нови пумпи за вода во Раштак
– 3.500.000 денари за поставување на фитнес справи на отворено и голем број на други проекти.
Нема да има населено место во кое нема да се реализираат проекти.
На денешната седница Советот донесе и одлука со која оддржувањето на јавното осветлување се пренесува во надлежност на ЈКП Гази Баба и со оваа одлука заврши времето на тендер – градоначалник во општина Гази Баба кога за само неколку месеци се трошеа над 11.000.000 денари за улично осветлување.
{gallery}foto/2022/05/11/sednica11/gallery{/gallery}
10.05.2022