Средба на градоначалникот Бобан Стефковски со Ертан Шаќири од Здружението на граѓани СОС Вита Скопје, на која Шаќири информираше за активностите кои ги реализирало здружението досега, а кое брои 260 членови, на кои им овозможува бесплатна физикална терапија.
Ова здружение има за цел создавање на подобри и поквалитетни услови за живот на лицата со посебни потреби.
Општина Гази Баба дава силна поддршка на реализација на проектите но и создавање на подобри услови за непречена реализација на секојдневните обврски на лицата со посебни потреби.
26.10.2022