Денес градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на Рекреативниот спортски фестивал организиран од Министерството за спорт на Македонија, по повод Европската недела на спортот.
Овој настан е одлична можност да се истакне важноста на физичката активност и здравиот начин на живот, но и да се поврземе со граѓаните преку спортот. Заедно со другите учесници, имаа можност и директно да се вклучат во спортските активности, што беше навистина освежувачко и мотивирачко искуство.
Спортот не е само натпреварување — тој е начин на живот. Тој не учи на дисциплина, упорност, тимска работа и почит. Спортот ги гради карактерот и заедницата, ја подобрува менталната и физичката благосостојба и ги обединува луѓето, без разлика на возраст, пол или позадина. Особено кај младите, спортот игра клучна улога во градењето здрави навики и позитивни вредности.
Стефковски истакна дека особено му се драги вакви настани, кои го поттикнуваат спортскиот дух, ја промовираат заедницата и ја потсетуваат младината, но и возрасните, дека движењето е клучот за здравје и благосостојба.
Ќе продолжиме да ја поддржуваме секоја иницијатива што го унапредува спортот и активниот живот во нашата општина, со цел да создадеме поздрави, посреќни и поединети генерации.