Во просториите на Општина Гази Баба се одржа седница на Советот на претседатели на Месни и Урбани заедници.
Вакво тело во рамките на општината се формира за прв пат и истото во следниот период ќе биде двигател на голем број проекти кои ќе произлегуваат од жителите.
Месните и Урбаните заедници се основна клетка во секоја локална самоуправа бидејќи тие ги претставуваат граѓаните и поради тоа истите мора да имаат одлучувачка улога во креирањето на идните планови за развој на општината.
Градоначалникот Бобан Стефковски на оваа седница го најави и граѓанскиот дијалог кој ќе следува во месец ноември, а истиот предвидува средби со граѓани во сите Месни и Урбани заедници со цел заедно со граѓаните да го креираме буџетот на општината за 2024 година.