Градоначалникот Бобан Стефковски а го отвори државниот турнир – „Куп на Македонија“ како и Плеј оф натпреварот за сениори во карате кој се одржува во организација на Карате федерацијата на Македонија.
Општина Гази Баба е горда што има можност да биде домаќин на овие спортски настани на кои ќе настапат повеќе од 70 спортисти – каратисти во дисциплините борби и кати, а најдобрите во своите категории ќе бидат следните репрезентативци кои ќе ги бранат боите на Македонија на 26тото Светско првенство во карате кое ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија.
Како локална самоуправа и во следниот период ќе даваме силна поддршка за организација на спортски настани од сите категории на спорт
.
Посакуваме најдобрите натпреварувачи да победат и достојно да ги одбранат боите на Македонија на Светското првенство во Унгарија.