Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати на отворањето на Државното првенство во карате сениори во организација на Карате федерацијата на Македонија.
За општина Гази Баба е чест што е домаќин на настан од ваков тип, бидејќи најуспешните каратисти ќе заминат на Европско првенство и ќе ја претставуваат Република Македонија.
Гази Баба е најспортската општина во Скопје. За тоа говорат бројните успеси на клубови и индивидуални спортисти од нашата општина, но и големиот број настани од скоро сите категории на спорт кои се организираат со поддршка од општината.
{gallery}foto/2023/fevruari/karate_2023/gallery{/gallery}
19.02.2023