Градоначалникот
Бобан Стефковски го отвори Меѓународниот џудо турнир кој се организира по 3 пат.
На турнурот имаше повеќе од 200 учесници од возрасни категории помлади пионери, пионери и кадети во машка и женска конкуренција.
Учествуваа Џудо клубови од Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Црна Гора, Србија, Косово и Македонија.
Општина Гази Баба има одлична соработка со организаторот на турнирот Џудо клуб Ипон од Скопје која ќе продолжи и во иднина со реализација на нови заеднички проекти.