Градоначалникот Бобан Стефковски oдржа работен состанок со директорите на општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба на кој разговараа на повеќе теми поврзани со подготвеноста на училиштата за стартот на новата учебна година.
Директорите информираа дека се во постојана комуникација со Министерството за образование и наука за започнатиот процес на достава на учебниците.
Стефковски ги информираше дека во завршна фаза е изработката на бесплатните училишни униформи за сите 6800 ученици, мерка која ја воведовме минатата година за прв пат во Општина Гази Баба.
Ги повикуваме семејствата кои имаат запишано прваче во училиштата на територија на Општина Гази Баба да поднесат барање за добивање на еднократна финансиска поддршка од 3000 денари.