Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата, проф. др. Христијан Мицкоски испратија силна порака дека инвестициите во Гази Баба продолжуваат со дела, а не со зборови.
Поставен беше камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ – Железара
Вкупна вредност: 38.200.000 денари
Површина: 650 м²
Прва фаза: 20.000.000 денари
Извршен беше увид во реконструкција на ул. „Петре Филиповски Гарката“ – Триангла
Должина: 603 м
Гребење и асфалтирање
Вредност: 7.501.938 денари
Се работи одговорно, чесно и посветено, како што им беше и ветено на граѓаните.
Насекаде низ Гази Баба се реализираат проекти, а многу од нив наскоро ќе бидат пуштени во употреба.
Две нови детски градинки;
Дом на култура „11 Октомври“ – Ченто;
Ново основно училиште – ООУ „Крсте Мисирков“;
Спортска сала во Црешево;
Канализациони и водоводни системи.