Денес градоначалникот Бобан Стефковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски направија увид на три активни градилишта во општина Гази Баба– три симболи на напредокот што секојдневно го градиме со работа, план и визија.
Во Идризово се гради модерен спортски центар со терени за мал фудбал, кошарка, фитнес зона и детско катче – простор за здрав живот и дружење на сите генерации.
Во Трубарево, новата детска градинка е во завршна фаза и со нетрпение очекуваме за неколку недели да ги отвориме вратите за најмладите.
Во Хиподром се одвива реконструкција на улицата Париска Комуна – проект поддржан од Владата преку вториот повик за општински инфраструктурни инвестиции.
– Се гради ново училиште во Ченто.
– Се гради спортска сала во Црешево.
– Се гради нова градинка во Инџиково.
– Се реконструира Домот на културата „11 Октомври“.
– Се асфалтираат улици, се поставуваат канализации, се менува секој агол од нашата општина.
Ова е Гази Баба денес – решителна, градителска, модерна.
Гази Баба не запира. Продолжуваме со полна пареа!