Под мотото “Гази Баба се грижи за животната средина” од денес започнуваат активностите за одбележувањето на Светскиот ден за заштитата на животната средина кои ќе се реализираат во текот на целата недела.
Заедно со друштвото за управување со отпад – Нула отпад го организиравме денешниот настан на кој заедно со ученици од општинските основни училишта “Дане Крапчев” и “Стив Наумов” испративме порака за заштита на животната средина.
Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред присутните и истакна дека заштитата на животната средина е меѓу приоритетите, како што и во изминатите 7 месеци на дело докажавме. На територија на општина Гази Баба, досега се засадени над 4000 нови садници, исчистени се над 60 диви депонии од јавни површини, доделуваме субвенции за електрични тротинети, велосипеди, инвертер клима уреди. Градиме нови паркови, подигаме нови зелени површини и со тоа ќе продолжиме и во иднина.
Позиционирање на еколошко однесување и обврска за задолжителна рециклажа е сериозен елемент на деловниот имиџ на секоја оопштествено одговорна општина.
По денешниот настан заедно со претставниците на Нула – Отпад и учениците низ Автокоманда поделивме платнени торби како соодветни и заменски за пластичните ќеси, а со тоа и намалување на количините на отпад.
Низ општина Гази Баба ќе бидат поделени над 2000 платнени торби кои ги изработија Нула – Отпад и општина Гази Баба. Да се грижиме заедно и да не дозволиме опасниот отпад да заврши на депонија.
{gallery}foto/2022/06/nulaotpad/gallery{/gallery}
06.06.2022