Градоначалникот Бобан Стефковски донесе одлука со која Општина Гази Баба ќе му додели еднократна парична помош за лекување на младиот Кристијан Коцев.
Општина Гази Баба ќе даде свој придонес во собирањето на финансиските средства потребни за неговото лекување.
Доколку во следниот период се утврди потреба од дополнителна финансиска помош во консултации со неговото семејство, градоначалникот Стефковски ќе даде предлог и до Советот на општина Гази Баба да донесе Одлука за доделување на дополнителна финансиска помош.
Неодамна целиот народ се обедини и за нашиот Никола, чиј третман на лекување е во тек.
Моментот на хуманост и солидарност е тој кој го обединува народот за миг.
На младиот Кико му посакуваме да успее во борбата.