Општина Гази Баба и градоначалникот
Бобан Стефковски оваа година дадоа поддршка на настанот организиран од Здружението на граѓани “Зелените од Гази Баба”
Целта на настанот беше да се примени циркуларната економија на дело која многу се користи во земјите со висока еколошка свест.
Граѓаните денес имаа можност да се приклучат на настанот со продажба на гардероба која не ја употребуваат, а со средствата од продадената облека да учествуваат во набавка на училишен прибор кој ќе биде дониран на семејства од социјален ризик.
Им честитаме на членовите на здружението “Зелените од Гази Баба” за организацијата на овој настан.
Ова е прв проект кој Здружението “Зелените од Гази Баба” го реализираше во соработка со општината и истиот ќе биде почеток на една заедничка соработка која ќе резултира со голем број заеднички проекти.