Вечерва ја оддржавме манифестацијата Гази Баба за Гоце Делчев. Заедно со голем број на граѓани собрани во населеното место Гоце Делчев испративме порака дека Гоце Делчев бил, е и ќе остане Македонец.
Градоначалникот Бобан Стефковски им се заблагодари на Спасен Силјановски, Влатко Миладиновски, Групата Аманет и Милена Илиевска за одличната програма и изведба на песни и ора, како што доликува на македонскиот народ и со намера да му оддадеме почит на великанот Гоце Делчев.
Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со негување на историјата и традицијата на македонскиот народ. Благодарност и до градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која беше гостин на денешната манифестација.
04.05.2022