Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши присуствуваа на манифестацијата за одбележување на Денот на албанската азбука.
Општина Гази Баба според мултиетничкиот состав претставува синоним за почит и соживот, а различноста е таа која не прави посилни.
Во општината живеат граѓани од различни етнички заедници, македонци, албанци, турци, роми, власи, бошнаци и други, а тоа што е најважно меѓусебно се почитуваме!
Како одговорна единица на локалната самоуправа реализираме проекти за подобрување на животот на граѓаните во сите населени места, без разлика на етничата, верската или било која друга припадност.
Проблемите на граѓаните не препознаваат разлика, тие бараат решение, а ние во изминатиот период докажавме, дека тоа го можеме!