Се одржа годишниот концерт на Ансамблот за народни песни и игри “Јонче Христовски” кој потекнува од Oпштина Гази Баба.
Овој ансамбл е од посебен општествен интерес и наша должност е да ја следиме светлата траекторија по која се движи 21 година.
Ансамблот Јонче Христовски треба и мора да ја продолжи својата културна мисија на негување и презентирање на исклучително богатото и автентично фолклорно творештво во Македонија.
Никој од нас не останува рамнодушен кога настапува Ансамблот Јонче Христовски и се надеваме дека уште долги години успешно ќе работи ансамблот и ќе ја има поддршката на Општина Гази Баба и во иднина.