Жителите на Гази Баба уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Сите заедно подадоа рака за помош на одделенскиот наставник Татјана Андева.
Во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево се одржа Новогодишен базар, детска музичка манифестација и настап на ученици, а во рамки на програмата се имаше и музичка манифестација со настап на пејачи од македонската музичка естрада.
Хуманоста е одлика на големите луѓе, градоначалникот Бобан Стефковски тоа го покажа уште еднаш. На настанот тој ги поздрави и им се заблагодари на присутните гости, а воедно даде и ветување дека како и досега и во иднина ќе дава поддршка на настани од хуманитарен карактер, бидејќи нашата мала помош за некого значи живот.
{gallery}foto/2022/12/humanitaren/gallery{/gallery}
22.12.2022