Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со 19-годишниот Никола Ѓорѓиев гостуваа во утринската програма на Канал 5, во која се зборуваше за текот на лекувањето на Никола, но и за неговото вработување во општина Гази Баба..
При ова гостување во утринската програма, меѓудругото тие упатија и благодарност до цела Македонија за покажаната хуманост во акцијата за собирање на средствата за лекување на Никола.