Започнаа долгоочекуваните градежни активности за асфалтирање на улица 4 во Трубарево. Конечно, со изградбата на оваа улица, тоа останува во минатото.
Луѓето повторно веруваат дека може поинаку – дека може да се работи, да се реализираат проекти, да се гледа напред.
При изминатите секојдневни средби на градоначалникот Бобан Стефковски со граѓаните, силно се чувствуваше разочараноста и безнадежноста. Денес е поинаку – денес луѓето веруваат. Успеавме заедно да ја вратиме надежта.
Продолжуваме со инвестиции во патната инфраструктура. Градиме и ќе продолжиме да градиме – во Трубарево и насекаде низ Гази Баба.