Се собираше комуналниот смет од улиците во:
– Хиподром
– Маџари
– Колонија
– Трубарево
– Железара
– Автокоманда
– Јурумлери
ЈКП Гази Баба транспортираше 15 камиони комунален смет до Дрисла!
Паралелно се расчистува и дивата депонија во Јурумлери.
Жалосно е што, и покрај тоа што граѓаните редовно плаќаат, не ја добиваат услугата што ја заслужуваат.
Народот е заложник на неспособниот менаџмент на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена.
Но, ова ќе се промени.
Овие проблеми наскоро од денес стануваат минато!
Нема повеќе да се гушиме во смет и ѓубре по улиците!
За ваквата состојба мора да има и ЌЕ ИМА одговорност – со име и презиме!
За сите злоупотреби поради кои Скопје денес е една голема депонија –
Ќе има правда!